7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРААко ви се случува ова, тогаш дошло време да ја промените работата

Ако ви се случува ова, тогаш дошло време да ја промените работата

Пол Саломи, технички директор на компанијата Deloitte, кој повеќе од 25 години работи во индустријата на медиумите, технологијата и комуникацијата, во својата колумна открива одговор на вечното прашање. Како да препознаете кога е вистинското време да ја промените работата или кариерата?

Тој тоа прашање го согледува од две референтни позиции. Од своја, и преку лицата со кои соработува.

Самозадоволството е непријател на успехот

Се станува рутина ако тоа предолго го работите. Кога ќе престанете да бидете страствени за она што го правите, тоа може да ве исцрпи до темел. Обидете се да не дојдете до таа точка, што е причина зошто јас сеуште размислувам за тоа како да го проширам своето професионално искуство. На пример, својата кариера ја започнав како даночен советник, но имав желба да научам повеќе за целата низа на деловни проблеми кои ги имаа моите клиенти и со кои тие се бореа.

Кога ми се отвори прилика за напредување во кариерата со која на своите клиенти можев да им овозможам широк спектар на услуги, јас веднаш го прифатив тоа. Една работа која притоа ја открив е дека „приликата“ и „времето“ ретко кога се ускладени. Некогаш сте подготвени да одите, но на видик ги нема „вистинските прилики“, додека во други случаи, приликата може да се претстави сама од себе, но вие се чувствувате сеуште неподготвено да направите некоја поголема промена.

Кога вашиот тим е подготвен за самостојна работа, вие би требало да бидете подготвени – за заминување

На почетокот на својата кариера, луѓето кои ме подучуваа и ми даваа совети, длабоко влијаеа на моите ставови за тоа што всушност значи да советувате и подучувате други луѓе. На моите ментори можам да им се заблагодатам што понекогаш ме туркаа и преку моите можности и тоа за што мислев дека сум способен.

Работата менторство ја сметам за една од најважните аспекти во својата работа бидејќи чувствувам дека дел од мојата одговорност како водич е да создадам сопствен тим на луѓе кои еден ден ќе бидат способни да го преземат моето место во компанијата.

Учењето е клуч

Работите во кои најмногу уживав работејќи ги се оние каде што воедно и најмногу научив. Без оглед дали станува збор за нови вештини, сегмент од индустријата на моите клиенти или забрзано совладување на нови техолошки апликации, константното учење е она што го одржува професионалниот живот интересен и те подготвува за следното поглавје. Ако нема учење таму каде што сте, заминете си.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП