18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишана Иницијатива за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта

Потпишана Иницијатива за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта

Иницијатива за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта меѓу шест претпријатија од Македонија и тоа Паркинзи на Општина Центар -Скопје, Паркинзи Струмица, Куманово, Гостивар, Битола и Тетово, беше потпишана во понеделник во просториите на Општина Центар.

„Со формирањето на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта ќе се подигне свеста за безбедноста во јавниот сообраќај и заштитата на животната средина на целата територија на Република Македонија, како и создавање на услови за унифицирана имплементација на иновациите од информатичката технологија во тековното работење на јавните паркиралишта основани од единиците на локалната самоуправа на Република Македонија“, се вели во соопштението од Општина Центар.

Понатаму се додава дека со потпишувањето на оваа Иницијатива се отпочнува постапката за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта, со што ќе се утврдат облиците и начинот на соработката помеѓу јавните претпријатија пред потпишувањето на актот за основање на Асоцијацијата и ќе се спроведат сите потребни активности за свикување на основачко Собрание на истата, чија основна цел ќе биде афирмација на областите од заеднички интерес пропишани со позитивните законски прописи и другите подзаконски акти од областа на комуналните дејности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП