14 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBMW ги удвои резултатите кај екомоделите

BMW ги удвои резултатите кај екомоделите

Концернот „BMW“ двојно ја зголеми продажбата на хибридни и електрични возила за првиот квартал од 2017-та година, резултатот достигнува речиси 20.000 единици.

Ова го соопшти шефот на германскиот автопроизводител Харалд Кругер по објавувањето на финансиските извештаи за периодот. Тој беше категоричен дека токму електрификација на спектарот е еден од приоритетите на „BMW“.

Општо земено, партицијата на „зелените“ машини на „BMW“ останува малку над 3%, но продажбата се зголемува. Ова се однесува особено за хечбекот „i3“, чиј резултат за периодот се дуплира. Очекувањата се моделот да стане уште поуспешен со излегувањето на специалната верзија „Carbon Edition“, која ќе се нуди на некои пазари во Европа.

Таа се разликува од стандардниот модел со бојата – „Carbon Black“, 20-инчните бандажи и светлата со „LED“ диоди. Во опремата влегуваат кабина опремена со кожа, систем за помош при паркирање, панорамски покрив, аудисистемот „Harman Kardon“ и мултимедијалниот комплекс со екран на допир.

Специјалната модификација ќе биде достапна само за верзијата на „i3“ со батерии со капацитет од 94 kW/h, а цената стартува од 53.731 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП