ЕКОНОМИЈА

Законот за рестриктивното пакување на тутунот потврден од страна на СТО

Светската трговска организација(СТО) по петгодишна борба го потврди законот во Австралија за рестриктивно пакување на тутунот.

Оваа вест е удар за целата тутунска индустрија бидејќи е дадено зелено светло и на другите земји да донесат сличен закон кој предвидува одреден изглед на пакувањата, што е „обичен“.

Тоа би можело да има уште поширока примена доколку почне да се однесува и на пакувањата за алкохол и брза храна.

Правилата што беа воведени во 2010 година забрануваат лого и пакување на цигарите во боја на маслина, кои потсетуваат на војска или затвор, а исто така, се однесува и на печатење на имињата со мал стандарден фонт.