22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција во јуни може да влезе во програмата за стимулирање на ЕЦБ

Грција во јуни може да влезе во програмата за стимулирање на ЕЦБ

Грција може да влезе во програмата на Европската централна банка (ЕЦБ) за квантитативно олеснување во јуни, ако договорот за вториот преглед на спасувачката програма за земјата програма биде одобрена од Еврогрупата на 22-ри мај. Тоа го објасни министерот за економија Димитри Пападимитриу.

Тој е убеден дека договорот ќе биде одобрен и тоа ќе овозможи во рок од една недела, или уште порано, земјата да биде вклучена во програмата за стимулирање на централната банка на еврозоната.

Влегувањето во програмата на ЕЦБ ќе биде силен сигнал за претприемачите во земјата и ќе ги стимулира и инвестициите од странство, посочи уште Пападимитриу.

Министерот за економија на нашиот јужен сосед очекува раст на економијата во 2017-та година. Во последниве месеци во земјата има зголемување на вработеноста, иако не со темпото, пожелно од владата, тој призна уште и потсети за несигурноста која го донесе договорот меѓу Атина и кредиторите.

Грција и институциите, опуштени по последното финансирање, постигнаа договор за ревизија на третата спасувачка програма по взаемни отстапки. Постигнатиот договор треба да биде одобрен на следниот состанок на Еврогрупата.

Очекувањата се дека тоа ќе се случи на 22-ри мај. Работната група на Еврогрупата, која го следи развојот на Грција, веќе ја одобри постигнатата спогодба.

Пред да се произнесе Еврогрупата за договорот, кој предвидува намалување на пензиите и укинување на даночните олеснувања, односно во 2019-та година и 2020-та година, треба да добие зелено светло од грчките пратеници. Пред неколку дена пензионерските организации во Грција пресмета дека пензиите се намалени за 23 пати од 2010-та година, а средствата заштедени во овие години, се околу 50 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП