17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенците најкорумпирани во свет

Словенците најкорумпирани во свет

Grant-Cochrane

Словенија е на првото место кога станува збор за корупцијата во бизнис-светот. Овие резултати ги покажа истражувањето на меѓународната консултантска компанија „Ernst & Young“. На таа листа веднаш зад Словенија од европските земји се наоѓаат Хрватска и Украина.

Процентот на менаџери во Словенија кои веруваат дека поткупувањето е вообичаена пракса во работењето изнесува дури 94 проценти. Во Хрватска 90 проценти од испитаниците во бизнис-светот одговориле позитивно на ова прашање и сметаат дека ова е нормална алатка во работењето.

Хрватска се наоѓа на третото месето, а пред нив е Кенија. Повеќе од осумдесет проценти имаат Грција, Словачка, Србија и Русија.

Како најсветол пример е наведена Швајцарија каде само 10 проценти од луѓето сметаат дека поткупувањето е нешто сосема нормално, а зад швајцарците се Шведска, Финска и Норвешка.

Германски „Die Welt“ во својата анализа од резултатите на оваа консултантска куќа нагласува дека Европа е многу корумпирана и дека води југоисточна Европа.

„Плаќањето мито во многу земји е сосема вообичаена работа“, вели Штефан Хајзнер од „Ernst & Young“ .

Европскиот просек изнесува 39 проценти, а Германија е во долниот дел со 30 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП