17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија и нуди на Британија да си плаќа за пристап до единствениот...

Германија и нуди на Британија да си плаќа за пристап до единствениот пазар?

Владата на Германија и предложи на Велика Британија да добие пристап до единствениот пазар на Европската унија (ЕУ) со доплата, соопшти списанието „Фокус“, цитирајќи извештај на германското Министерство за финансии со кој располага.

Извештајот е со обем од 35 страници и во него се опишуваат потенцијалните трошоци на Германија за „Brexit“. Во него се вели дека со заминувањето Лондон ризикува „сериозни последици за економијата и стабилноста, особено врз реалната економија“.

Германското Министерство за финансии проценува дека Берлин ќе треба да увезува дополнителни 4,5 милијарди евра годишно во касите на ЕУ во резултат од заминувањето на Велика Британија.

За да се ублажат трошоците, Германија и нуди на Британија да плаќа такса за да има пристап до единствениот пазар.

„Таков иден придонес треба да се користи за ублажување на финансиските последици од „Brexit“ – намалување на трошоците на ЕУ или зголемување на плаќањата за други земји членки“, се наведува во документот.

„Brexit“ ќе чини и дополнителни напори на германските даночни и царински службеници, бидејќи ќе има нови даночни обврски за производи и услуги, се додава во извештајот.

Портпаролот на Министерството за финансии на Германија засега одбива да ја коментира публикацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП