9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредитите се множат, Америка оди напред

Кредитите се множат, Америка оди напред

Американските потрошувачи во март го зголемиле бројот на кредити од банките, бидејќи земале повеќе кредити за автомобили и школување.

Централната банка на САД соопшти дека во март вкупните кредити за потрошувачи се зголемени за 16,4 милијарди долари или за 5,2 проценти, додека во февруари нивното зголемување било 13,7 милијарди долари.

Мартовското зголемување е највисоко од ноември кога земените кредити се зголемени за 25,5 милијарди долари.

Категоријата која опфаќа студентски кредити и кредити за автомобили е зголемена за речиси 4,5 милијарди долари или 6,2 проценти, што е најмногу во последните пет месеци. Категоријата која ги покрива кредитните картички имала скромен раст од две милијарди долари или 2,4 проценти.

Економистите внимателно ги следат кредитите за потрошувачите бидејќи трошоците на потрошувачите сочинуваат 70 проценти од американските економски активности.

Американската влада претходно овој месец соопшти дека трошоците на потршувачите во февруари и март биле без раст, што е една од причините за послабиот економски раст во првиот квартал оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП