16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја земја има најмногу злато во светот, а која на Балканот?

Која земја има најмногу злато во светот, а која на Балканот?

Светскиот совет за злато го објави новиот попис на земји кои имаат најголеми резерви на злато, а на првото место се наоѓаат Соединетите Американски Држави, со 8.133,5 тони.

На листата се наоѓаат 100-те најбогати земји, а на второто место е Германија со 3.377,9 тони, а на третото Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со 2.814,0 тони.

Меѓу десетте најбогати се наоѓаат Италија, Франција, Кина, Русија, Швајцарија, Јапонија и Холандија.

Кога станува збор за Балканот, најмногу злато поседува Србија (18,8 тони) и се наоѓа на 63-тото место. Зад неа следи Македонија на 77-то место, со 6,9 тони злато.

На 88-то место е Словенија со 3,2 тони, додека Босна и Херцеговина со 3 тони злато се наоѓа на 91-то место.

На 98-то место се наоѓа Албанија со 1,6 тони, додека на последното 100-то место е Монголија со 1,5 тони злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП