6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТрпчевски со „Македонисимо“ ќе се претстави во Германија

Трпчевски со „Македонисимо“ ќе се претстави во Германија

Македонскиот пијанист Симон Трпчески најавува светска премиера на неговиот најнов проект со музика од Македонија, насловен „Македонисимо“, која ќе се случи на 18 мај на Фестивалот во Лудвигсбург, Германија.

Станува збор за проект, како што појаснува Трпчески, што вклучува сплетови од македонски ора со неколку песни кои би донеле еден шарм на целата инструментална димензија на овој проект.

Проектот вклучува квинтет, камерно видување на македонската музика, односно вклучува пијано, виолина, виолончело, кларинет, саксофон и кавал и еден цел сет удиралки.

На светската премиера во Лудвигсбург, покрај Трпчески ќе настапат и Александар Краповски на виолина (работи во Операта во Барселона), Александар Сомов од Бугарија на виолончело (водач на челисти во Стразбуршката филхармонија,Франција). На кларинет, саксофон и на кавал специјално за оваа пригода, ќе настапи Хидан Мамудов од Штип (кој живее и работи во Виена), а зад удиралките ќе биде Влатко Нушев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП