3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина ќе се одбележи и во Македонија. По тој повод ќе биде промовирана поштенска марка, а ќе бидат организирани и серија други настани во сите општински организации на Црвениот крст.

Волонтерите и вработените во Црвениот крст се водени од принципите со кои се оди подалеку од географските, верските или културните граници.

„Црвен крст на РМ претставува организација на територијата на Република Македонија која ја сочинува мрежа од 34 општински организации на Црвениот крст, Црвениот крст на град Скопје, со вкупно 102 вработени лица, 10.042 регистрирани членови и 3.648 активни волонтери кои се дел од локалните заедници и претставуваат мост до нашите крајни корисници“, рекоа од Црвениот крст.

Светскиот ден на Црвениот крст и на Црвената полумесечина се одбележува во сите 190 национални друштва во чест на основоположникот на движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Анри Динан, швајцарски трговец, кој е роден токму на 8 мај. Црвениот крст и Црвена полумесечина е во основата на меѓународното хуманитарно дејствување и на модерното меѓународно хуманитарно право.

Идејата на Анри Динан беше претставена во неговата историска книга „Сеќавања за Солферино“, а во 1863 беше трансформирана во реалност преку создавањето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и основањата на првите национални друштва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП