21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол ќе исплаќа дивиденда за 2016 година

Макпетрол ќе исплаќа дивиденда за 2016 година

Макпетрол АД Скопје објави јавен повик до акционерите за учество на 21-во Годишното собрание кое ќе се одржи на 10.6.2017 година со почеток во 12,00 часот во деловната зграда на Друштвото на V кат, на ул.Св.Кирил и Методиј бр.4 Скопје.

Тековната добивка на компанијата за 2016 година изнесува во вкупен износ од 376.788.154 денари.

Според предлог одлуката, на акционерите на „МАКПЕТРОЛ“ А.Д. – Скопје се одобрува плаќање на дивиденда во висина од 112.382.000 денари бруто, односно 1.000 денари бруто за една акција.

За датум на пресек на акционерската книга според која се определува листа на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда се утврдува 12.7.2017 година.

За последен ден на тргување со право на дивиденда се утврдува 07.7.2017 година.

За прв ден на тргување без право на дивиденда се утврдува 10.7.2017 година.

Исплата на дивидендата ќе се изврши до 30.9.2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП