19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот на Кина бележи раст помал од очекуваното

Извозот на Кина бележи раст помал од очекуваното

Извозот на Кина се зголемува со 8% на годишна основа, во април, покажуваат податоците на локалната администрација. Пазарите сепак очекуваа зголемување за околу 10 проценти.

Увозот исто така расте со побавно од очекуваното темпо – со 16,4%, наспроти предвидените 18 отсто. Во март извозот се зголеми за 16,4%, а увозот со 20,3 отсто.

Во април трговскиот биланс на Кина е позитивен во износ од 38,05 милијарди долари. Овде повторно има разминување со пазарните очекувања – аналитичарите интервјуирани од „Ројтерс“, прогнозираа дека вишокот ќе достигне 35,5 милијарди долари. Во март балансот исто така беше позитивен во износ од 23,9 милијарди долари.

Извозот кон САД се зголемува со 11,7% во април на годишна основа, а увозот од САД со 1,5%, покажуваат уште податоците. Билансот во трговските односи со САД, исто така е позитивен и достигнува до 21,3 милијарди долари, по 17,7 милијарди долари во март.

Токму најголемиот суфицит во трговијата го привлече вниманието на новиот американски претседател Доналд Трамп, потсетуваат агенциите. Тој вети мерки кои треба да ја намалат најголемата разлика. Пред еден месец администрацијата на Белата куќа почна да истражува свои сомневања за дампинг при увоз на челик од Кина и уште неколку држави во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП