18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите Британци станаа уште побогати и покрај Brexit

Богатите Британци станаа уште побогати и покрај Brexit

И покрај „Brexit“ вкупното богатство на 1000 најбогати личности и семејства во Велика Британија се зголеми за 14 отсто во изминатата година, за да достигне 658 милијарди фунти или 777 милијарди евра. Ова го соопшти во рангирањето весникот „The Sunday times“, цитиран од агенциите.

За споредба, просечниот приход во Велика Британија се зголеми за само 5 отсто за период од речиси 10 години, дополнуваат авторите на истражувањето, направено од страна на Институтот за фискални студии, организација специјализирана во секторот на државните сметки.

„Очекувавме дека референдумот ќе има ефектот на „студен туш“, но тоа не се случи“, објаснува весникот, мислејќи на историското гласање од 23-ти јуни 2016-та за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Во последните 12 месеци 19 милијардери го зголемија богатството за над 1 милијарда фунти, по примерот на двојката Франсоа-Анри Пино (групата „Kering“ пред договор со „PPR“) и Салма Хајек, која со зголемување од 1,9 милијарди имаат 3,4 милијарди фунти.

Индискиот бизнисмен Лакшми Митал, претседател и извршен директор на „ArcelorMittal“ заработил најмногу пари: богатството му скокнало со 6,1 милијарди фунти, за да достигне 13,2 милијарди фунти.

Каков е условот за да се влезе во клубот топ 1000?

Да имаш најмалку 110 милиони фунти. За споредба, во 1997-ма година овој критериум бил 15 милиони фунти, објаснува „Тhe Sunday times“.

Во класификацијата влегуваат 134 милијардери или 14 отсто повеќе отколку во 2016-та година, двајца актуелни спортисти, 20 поп ѕвезди, 38 аристократи и 130 жени, што е рекорд, нагласува британското издание.

Меѓу новите членови на клубот на богатите на Островот, е британската пејачка Адел со 125 милиони фунти.

Иако богатството се проценува на 360 милиони фунти, кое се зголемило за 20 милиони фунти, кралицата Елизабета Втора падна за 10 места на листата и е на 329-та позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП