25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФергусон најавува повлекување

Фергусон најавува повлекување

Man_Utd_v_Leeds_Sir_Alex_Ferguson_FT_2403161_741318551

Сер Алекс за неколку дена ќе стави крај на 27-годишниот престој во Манчестер Јунајтед, објавија медиумите на „Oстровот“.

Според последните информации 71-годишниот менаџер подготвува повлекувањето од функцијата по претстојниот дуел против Свонси во недела, кога неговиот тим ќе биде крунисан како шампион.

Името на Дејвид Мојс се поврзува со функцијата на „Олд Трафорд“ и се претпоставува дека токму менаџерот на Евертон е меѓу фаворитите да го замени Шкотланѓанецот.

Од Јунајтед засега не објавиле ништо во врска со иднината на шкотскиот стручњак. Гласините за иднината на Фергусон се појавија уште вчера меѓу играчите и тренерскиот тим.

Се проценува дека тие добиле информации да очекуваат завршување на кариерата на Сер Алекс.

Коефициентот дека Фергусон конечно ќе се пензионира, драстично опадна и тоа е уште една причина дека овие шпекулации можеби се вистинити.

Финалниот натпревар на Јунајтед оваа сезона ќе биде против ВБА и тоа ќе биде 1500-тиот дуел за Шкотланѓанецот.

Допрва треба да се види дали Јунајтед ќе излезе со официјално соопштение за повлекувањето на Фергусон пред неделниот натпревар или пак на крајот сето тоа ќе биде уште една лажна шпекулација за иднината на прославениот стратег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП