17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Најголемите играчи кај социјалните медиуми во светот

График на денот: Најголемите играчи кај социјалните медиуми во светот

Оваа недела „Facebook“ претстави нови податоци за првото тримесечје за 2017-та година. Од нив стана јасно дека бројот на месечни активни корисници се зголемува со околу 17% на годишно ниво до 1,94 милијарди луѓе во целиот свет. Тоа го прави „Facebook“ лидер во социјалните медиуми, а покрај сето друго најблиските конкуренти всушност дури и не можат да се натпреваруваат со компанијата за тронот, коментира „Statista“.

„WhatsApp“ и „Facebook Messenger“ се радуваат на околу 1,2 милијарди корисници во целиот свет, но на крајот да не заборавиме дека тие се исто така во сопственост на „Facebook“.

Меѓутоа постои еден конкурент, за кој просечниот корисник во САД и оние од западните земји се уште можеби и не слушнале. Како што покажува графиконот, најблискиот вистински конкурент на „Facebook“ од гледна точка на месечно активни корисници е „Tencent“. Ова е една од најголемите компании кои јавно се тргува во Кина, а „ќерки“ апликации и се „QQ“, „WeChat“ и „Qzone“ кои имаат околу 2,4 милијарди активни корисници месечно.

Бројот на корисниците на „Tencent“ е многу импресивен, бидејќи за разлика од „Facebook“ компанијата е насочена исклучиво кон кинескиот пазар. Сепак постои и мрачна страна во историјата на успехот на „Tencent“. Како и другите кинески технолошки и интернет компании, таа должи дел од успехот на кинескиот протекционизам и цензура. „Facebook“, „Twitter“ и „Snapchat“, како и „Google“, се само дел од оние кои се блокирани во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП