18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките пензии се намалија 23 пати од 2010-та

Грчките пензии се намалија 23 пати од 2010-та

Парите на грчките пензионери се редуцирани на 23 пати во годините од потпишувањето на првиот договор за доделување на финансиска помош – т.е. од 2010-та година. Ова го покажуваат сметките на Обединетите мрежи на пензионерите во земјата, цитирани од грчкиот „Катимерини“.

Така трошоците кои ги прави Владата за пензионерите, во изминатите седум години се намалиле за 50 милијарди евра.

Со намалувањето на парите некои пензионери изгубиле до 50% од износите што ги добиваат од државата. Станува збор не само за основните пензии, туку и за дополнителните средства и бонуси. Главните пензии се намалени за 18%.

Сето тоа започнува со укинувањето на бонусите за празниците, што беше направено во 2010-та, а година подоцна сите пензионери под 60 години загубија со меѓу 6 и 10% од своите пензии. Во 2011-та година беа намалени и пензиите над 1.400 евра месечно.

Во 2012-та година беа намалени и пензиите над 1.000 евра месечно.

Во 2015-та година беше намалена минималната пензија, а парите за предвремено пензионирање беа намалени за 10%.

Минатата година беше променета и формулата за пресметување на новите пензии и така луѓето кои одат во пензија, денес добиваат со 30% помалку. 160.000 ранливи пензионери ги загубија социјални надоместоци кон средствата што ги добиваат.

Променети се и правилата за пензии кои се земаат по смртта на брачниот другар, а и самите суми беа намалени, коментираат уште од обединувањето на грчките пензионери. Се намалуваат и износите за инвалидските пензии.

Намалувањето на трошоците за пензии во Грција е барање на доверителите. Институциите со години се обидуваат да ја натераат грчката влада да ја заостри контролата над трошоците и да го реформира пензискиот и осигурителниот систем. Намалувањето на пензиите сепак е една од најтешките мерки што ги преземаат властите во Атина, особено со оглед на големото јавно незадоволство.

Со последниот постигнат договор за ревизија на третата спасувачка програма за Грција владата се согласи на дополнително намалување на трошоците за пензии од 2019-та година.

На крајот на 2016-та година, на пример премиерот Алексис Ципрас нареди распределбата на 670 милиони евра од буџетскиот вишок на 1,6 милиони ранливи пензионери за Божиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП