21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИSubway забележува пад во САД

Subway забележува пад во САД

„Subway“ – најголемиот синџир на ресторани во Америка по број на установи, затвори во 2016-та година повеќе објекти отколку што отвори.

Компанијата со седиште во Милфорд располага со над 40.000 објекти низ целиот свет и е позната по своите планови за екстензии преку франшиза.

„Ќе продолжиме да преместуваме некои објекти на подобри места и да бараме нови локации – традиционални и нетрадиционални“, се вели во соопштението на „Subway“.

Сега компанијата има околу 26.744 установи во САД, што е пад од 359 објекти. „McDonald’s“ носи повеќе приходи од „Subway“, под услов во целиот свет да има околу 36.000 објекти.

Иако се намалуваат бројот на местата на локално ниво, од „Subway“ велат дека ќе го продолжат својот фокус на меѓународниот раст, каде продажбата се зголемува.

„Во 2017-та година, ние преземаме возбудлива трансформација, која вклучува воведување на нови и подобрени производи, создавање на уште поголемо задоволство за клиентите, подобрување на услугата и повеќе корисници на франшизата“, коментираат од компанијата.

Продажбата во САД се намали од 11,5 милијарди долари во 2015-та година до 11,3 долари за минатата година.

Според „Business Insider“ неколку фактори се причина за лошиот пазар на „Subway“ во САД, вклучувајќи го скандалот поврзан со долгогодишниот портпарол Џералд Фол, промената на вкусовите во земјата и агресивниот план за раст, кој не ги исполни очекувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП