6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБеше синоним за пропаст, сега повторно ја полни касата

Беше синоним за пропаст, сега повторно ја полни касата

Државната американска компанија „Fannie Mae“ ќе му донесе во јуни на Министерството за финансии, како што се очекува, дивиденда од 2,8 милијарди долари, јавува агенцијата Блумберг.

Волкавиот износ на уплата следи откако хипотекарниот финансиски гигант објави дека во првиот квартал остварил нето заработка од 2,8 милијарди долари.

Добивката пораснала во однос на 1,1 милијарда долари, колку што компанијата со седиште во Вашингтон оствари во истиот период пред една година, но значително опадна во однос на пет милијарди долари од четвртиот квартал во 2016 година.

Од „Fannie Mae“, која се бави со развој на секундарниот хипотекарен пазар, наведоа дека приходите им опаднале во споредба со четвртиот квартал главно затоа што каматните стапки релативно стагнирале во периодот меѓу јануари и март, додека во последниот лански квартал значително пораснале.

За да се заштити од каматниот ризик, „Fannie Mae“ користи деривати чија вредност се зголемува и намалува со промена на каматите, иако долгорочниот економски ефект на овој хеџинг е занемарлив, објаснува Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП