13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеочекуван бум, што е тоа што и помогна на Британија

Неочекуван бум, што е тоа што и помогна на Британија

Растот на активноста во секторот за услуги во Велика Британија неочекувано забрза во април.

Тоа на економијата на оваа земја и овозможува солиден почеток на вториот квартал после послабите од очекуваните перформанси во првиот квартал, известува њујоршката агенција Блумберг.

Индексот на менаџерите за набавка (PMI) за услужниот сектор на Велика Британија, кој го пресметува лондонската компанија Маркит, порасна во април на 55,8 поени од 55 поени од март, што е подобро од проекциите на аналитичарите кои предвидоа пад на 54,5 поени.

Индустрискиот и градежниот сектор исто така регистрираа закрепнување, што говори дека британската економија расте со темпо од 0,6 проценти.

Во вториот квартал, според зборовите на главниот економист на Маркит Крис Вилијамсон, можно е темпо на економски раст од 0,4 проценти, по забавувањето на стапката на раст од 0,3 проценти во првите три месеци оваа година.

Анкетата на Маркит, исто така, покажа дека и темпото на вработување забрзало, иако со скромно темпо, додека деловната доверба останува на високо ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП