10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВраќањето на франкот во оптек сепак нереално?

Враќањето на франкот во оптек сепак нереално?

Повеќе француски граѓани ја сметаат за нереална опцијата за враќање во оптек на националната валута францускиот франк, а истовремено да се продолжи и со употребата на еврото, покажува резултатот на француската компанија за иновативно истражување.

Според анкетата, 80 проценти од Французите сметаат дека враќањето на старата национална валута во употреба не е реално. Меѓу оние кои сметаат дека таа опција не е реална, 53 проценти од нив го сметаат враќањето на франкот за „апсолутно нерелано“, пренесува АФП.

Од друга страна, анкетата во Франција покажа дека 19 проценти од граѓаните веруваат дека е можно да се врати францускиот франк во употреба, а пет проценти сметаат дека таа опција е „многу реална“.

Претседателскиот кандидат Марин ле Пен во текот на кампањата предложи враќање на националната валута во употреба. Според Ле Пен, франкот би требало да се користи во секојдневната трговија во земјата, додека еврото би требало да се користи исклучиво во трговијата со други земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП