4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на продажбата во САД регистрирале Тојота мотор, Форд и Џенерал моторс

Пад на продажбата во САД регистрирале Тојота мотор, Форд и Џенерал моторс

Форд, Џенерал моторс и Тојота мотор забележале поголем пад на продажбата на автомобили во САД од она што го предвидеа аналитичарите.

Од тие причини, сè поверојатно е дека податоците за вкупната продажба во април, четири месеци по ред, ќе покажат намалување на побарувачката.

Испораките на Форд на автомобили и камионети опаднале минатиот месец за 7,1 отсто, продажбата на Џенерал моторс е намалена за 5,8 отсто, додека онаа на Тојота за 4,4 отсто, информира агенцијата Блумберг.

Сите три компании пријавиле помала продажба на патнички автомобили, вклучително и на моделите „форд фјужн“, „шевролет малибу“ и „тојота приус седан“.

Забавувањето на продажбата во САД може да доведе до повисоки цени на автомобилите, наведува њујоршката агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП