4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНè потсетија да внимаваме и да користиме сигурносен појас

Нè потсетија да внимаваме и да користиме сигурносен појас

Три девојки во центарот на градот кои наликуваа на стјуардеси во униформи, вчера нè потсетија дека кога сме во автомобил треба секогаш да го користиме сигурносниот појас.

Девојките на раскрсницата кај Порта Македонија, додека автомобилите чекаа на црвено светло, со транспаренти, информативни летоци и демонстрации, укажуваа на потребата од користење сигурносен појас и поголемо внимание на учесниците во сообраќајот.

Настанот е дел од активностите на кампањата „Јас внимавам“ за поголема безбедност во сообраќајот, иницирана и создадена од компанијата ОКТА во соработка со МВР, а кампањата e поддржана и од голем број јавни личности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП