ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на цените на угостителските услуги

Раст на цените на угостителските услуги

Цените на угостителските услуги во април се зголемени за 0,8 проценти во споредба со март, објави во петок Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, зголемување има кај – храната за 0,1 отсто, безалкохолните пијалаци за 0,7 отсто и ноќевањата за 3,1 отсто, додека намалување за 0,2 проценти е забележано кај алкохолните пијалаци.

Во споредба со април минатата година, цените на угостителските услуги се зголемени за еден процент.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-април во однос на истиот период лани е зголемен за 0,5 проценти, а во однос на декември минатата година е зголемен за 0,1 процент.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП