12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочеток на интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“

Почеток на интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“ почнува денес вечер, на кој годинава за наградата „Гран при“ учествуваат актери од повеќе земји, меѓу кои: Естонија, Хрватска, Русија, Холандија, Полска, Израел, Словенија, Германија и од Македонија.

Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Брачна игра“ во која настапуваат актерите Игор Џамбазов и Весна Петрушевска, а ќе биде изведена во чест на учесниците кои од утре ќе го почнат натпреварот за наградата „Гран при“, како и наградата на публиката која се добива со директно гласање на гледачите.

Настапите на актерите ќе ги оценува меѓународно жири предводено од турскиот драматург и режисер Емре Ердем, холандската актерка и драмска писателка

Полет Смит, театрологот Нина Мазур од Украина, која живее и работи во Германија, и два члена од Македонија, Игор Џамбазов и Атила Клинче.

Интернационалниот фестивал на монодрама секоја година се одржува под покровителство на Министерството за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП