24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во еврозоната на најниско ниво од 2009 година

Стапката на невработеност во еврозоната на најниско ниво од 2009 година

Невработеноста во еврозоната остана стабилна и во месец март, бидејќи блокот го задржа курсот за силно вработување.

Ваквиот курс е задржан и покрај политичките потреси поради Бегзит и изборите со висок ризик во Франција, покажаа податоците на европската агенција за статистика, Евростат.

Стапката на невработеност во 19-члената еврозоната се задржа во третиот месец на 9,5 проценти, иако во Италија која е оптеретена со проблеми е забележан раст на невработеноста, известува агенцијата АФП.

Ова е најниската стапка на невработеност во еврозоната од април 2009 година.

За време на најлошата должничка криза, невработеноста во регионот со единствена валута изнесуваше 12,1 проценти, при што во април 2013 година во потрага за работа биле 19,3 милиони луѓе, додава француската агенција.

Бројот на невработени после четири години изнесува нешто повеќе од 15,5 милиони, наведува Евростат.

Најновиот показател ја надминува прогнозата на аналитичарите, кои предвидуваа невработеност од 9,4 проценти.

Стапката на невработеност повторно беше најниска во Германија, најголемата економија на еврозоната, со 3,9 проценти во март, додека другата по сила европска економија – Франција, ја здржа стабилна стапката од 10,1 проценти.

Грција остана земја со најмногу невработени, 23,5 проценти (според јануарските показатели), потоа следи Шпанија со 18,2 проценти. Италија забележа раст на невработеноста од 11,5 на 11,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП