4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle мора да и плати на Италија 306 милиони евра

Google мора да и плати на Италија 306 милиони евра

Google вчера соопшти дека ќе плати 306 милиони евра за решавање на даночниот спор во Италија, каде се најде под кривична истрага бидејќи профитот од оваа земја го пријавил во Ирска.

После сличното порамнување на кое се согласи и компанијата „Apple“ во 2015 година, италијанската даночна управа соопшти дека и со Google е постигнат договор кој го покрива периодот од 2009 до 2013 година, а кој бил предмет на истрага на финансиската полиција и обвинителството од Милано.

Со ова порамнување се завршени и одделни спорови кои се однесуваат на периодите од 2002 до 2006 и од 2014 до 2015 година.

Google потврди дека постигнал договор со властите, но не прецизираше дали само го прифатил бараниот износ.

Компанијата претходно ја бранеше својата пракса за пренасочување на заработката преку својата база во Ирска, која има една од најниските корпоративни даночни стапки во ЕУ.

Apple плати 318 милиони евра на крајот на 2015 година за решавање на спорот по повод заработката која ја оствари во Италија од 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП