3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПонудата голема, цените на храната и понатаму паѓаат

Понудата голема, цените на храната и понатаму паѓаат

Светските цени на прехрамбените производи опаднаа во април оваа година трети месец по ред.

Цените паднаа поради очекуваната голема понуда за повеќе основни животни намирници, освен месото, објави Организацијата за храна и земјоделство при ОН (ФАО). Просекот на индексот за цените на прехрамбените производи на ФАО, кој ги следи меѓународните пазарни цени во пет главни групи на намирници, во април изнесувал 168 поени, за 1,8 проценти помалку отколку во март, но и понатака е повисок отколку во истиот месец минатата година.

Ова намалување во најголема мера се должи на индексот на цената на шеќерот, кој на месечно ниво опадна за 9,1 проценти, бидејќи големата извозна понуда од Бразил и понатака наидува на слаба глобална побарувачка за увоз, се наведува во извештајот објавен на страницата на ФАО.

Индексот на цените на растителните масла се намали за 3,9 проценти минатиот месец, на што влијаеше и слабеењето на побарувачката за палмино масло и очекувано високиот принос на соја и садници од оваа култура во Јужна и Северна Америка.

Во април е регистриран и понизок индекс на цените на житарките за 1,2 проценти, поради опаѓачкиот тренд на цените на пченицата, иако оризот ја зацврсти вредноста на меѓународниот пазар.

Индексот на цените на млекото и млечните производи се спушти за 3,3 проценти, бидејќи производството на северната хемисфера влезе во шпиц сезоната.

Наспроти тоа, индексот на ФАО за цената на месото скона за 1,7 проценти, поради поскапувањето на свинското месо до кое доведе силната домашна побарувачка во Европската унија и зголемената продажба во Кина.

ФАО ги ажурираше и своите глобални прогнози за производството на житарки за 2017 година, подигнувајќи ја проценката за светското производство на пченка на 1,054 милиони тони, откако Бразил судејќи според се ќе има поголем род од очекуваниот, а ја задржа проекцијата за производство на ориз на 506 милиони тони и пченица на 740 милиони тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП