21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата забележаа нов пад

Цените на нафтата забележаа нов пад

Цените на нафтата се лизнаа во четврток на меѓународните берзи, бидејќи трговците се разочарани од скромниот пад на резервите во САД.

На лондонската берза цената на нафтата беше 63 центи пониска во однос на претходното затворање и изнесуваше 50,16 УСД.

Во Њујорк барелот се тргуваше по 59 центи пониска цена, од 47,23 УСД.

Во фокусот на пазарот е извештајот на американската влада кој покажа пад на резервите на сурова нафта минатата недела за 930 илјади барели, во однос на очекуваниот значително поголем пад за 2,3 милиони барели.

Резервите се намалуваат четири недели по ред, но и натаму се само седум милиони барели под рекордните вредности.

Одвоено, ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во среда изнесуваше 48,34 УСД, што значи дека била 63 центи пониска од претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП