28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla Model Y излегува на пазарот до 2020-та година

Tesla Model Y излегува на пазарот до 2020-та година

„Tesla“ ќе го пушти на пазарот следниот електромобил „Model Y“ во 2019-та или 2020-та година, објави шефот на компанијата Илон Муск. Тоа се случи за време на конференциски телефонски разговор, посветен на приходите на „Tesla“ за првиот квартал од годината.

Во текот на разговорот Муск беше запрашан дали во „Tesla“ уште се надеваат дека во 2018-та година ќе можат да произведуваат 500.000 автомобили и 1 милион во 2020-та година, Муск одговори позитивно, но додаде дека за да се случи тоа, во производство треба да влезе и „Model Y“.

„Да, мислам дека може да се случи, но треба да го претставиме „Model Y“ во 2020-та или дури во 2019-та, мислам дека така ќе постигнеме производство од 1 милион автомобили или дури и повеќе“, објасни Муск.

Во јули минатата година Муск објави дека „Tesla“ подготвува нов компактен електричен „SUV“, кој треба да е позициониран под луксузниот „Model X“ и така се појави веста за „Model Y“. Сега Муск потврди дека „Model Y“ ќе биде изграден врз платформа различна од онаа на првиот достапен модел на марката – „Model 3“, чие производство треба да започне оваа година.

Со оглед на тоа уште колку автомобилски производители планираат да претстават на светскиот пазар електрични „SUV“ модели, а меѓу нив се „Audi“, „Volvo“, „Mercedes“ и други, моментот за промоцијата на „Model Y“ се чини повеќе од соодветен.

Од „Tesla“ се уште не се објасниле кога компанијата ќе почне да прима нарачки за „Model Y“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП