27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНеколку совети доколку ставите погрешно гориво

Неколку совети доколку ставите погрешно гориво

benzin5

По грешка на работникот на бензинската пумпа или на ваше невнимание во резервоарот на вашиот автомобил е ставено погрешен вид на гориво. Што сега?

Доколку проблемот го забележите на самата пумпа и во меѓувреме не сте го стартувале автомобилот доволно е само да го испумпате постоечкото гориво и да го измиете резервоарот по што автомобилот ќе можете нормално да го користите.

Меѓутоа ако ви се случи да го стартувате моторот или дури да поминете одредени километри можете да имате сериозен проблем.

Најлошо сценарио: Гаснење на моторот по долго возење.

Најлоша ситуација е кога нема да ја забележите грешката и по долго возење ќе ви се изгаси моторот. Тогаш кај новите автомобили слободно можете да сметате дека трошоците од сервисот ќе ве чинат повеќе од илјада евра.

Имено во потешки случаи доаѓа до оштетување на системот за довод на гориво, филтерот и пумпата за гориво, како и вбризгувачите. Дефектот се разликува и од тоа какво гориво имате ставено.

Бензин наместо дизел

Оваа грешка може да има сериозни последици за комон рејл дизел моторите, затоа што и мала количина на бензин може да ја измие течноста која ја подмачкува пумпата за вбризгување на гориво.

Ова се однесува на современите комон рејл дизели, додека оние постарите се значително толерантни спрема бензинот.

benzin2

Дизел наместо бензин

Дури и мешавина од само пет проценти од дизел може да предизвика скапи оштетувања на моторот и катализаторот доколку автомобилот се вози подолго време. Тогаш и моторот ќе почне нерамномерно да работи и да трокира.

Бензин со пониски октански вредности

За модерните мотори ова не е проблем. Тие имаат одговарачки сензор што ја одредува октанската вредност на горивото и потоа го одредува стартувањето. Кај постарите автомобили би требало да се вози умерено и никако под полна гас се додека резервоарот не се потроши или испразни.

benzin3

Бензин со повеќе октански вредности

Овде навистина неможе да дојде до грешка. Поголемата октанска вредност нема да му наштети на моторот. Напротив во поголемиот број на случаи може да доведе до намалување на потрошувачката и благ раст на перформансите.

Што да се прави

Значи доколку не сте го стартувале моторот нема да биде проблем. Побарајте помош на бензинската станица, затоа што поголемиот дел од вработените имаат искуство во вакви ситуации, а некои од пумпите дури се опремени за вакви случаи. Со електрична пумпа ќе го испразнат системот за снабдување со гориво и резервоарот по што можете веднаш да го ставите потребното гориво и да продолжите со возењето.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП