7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД е најголем загадувач на земјината орбита во првиот квартал на 2017-та

САД е најголем загадувач на земјината орбита во првиот квартал на 2017-та

Во првото тримесечје од 2017-та година, вселенското ѓубре е зголемено за околу 500 локации, а на САД припаѓаат 298 од нив. Ова станува јасно од извештајот на „НАСА“, цитиран од агенциите.

Според податоците од 4-ти јануари до 4-ти април 2017-та година во вселенска орбитата се појавиле 471 нови објекти, со што нивниот вкупен број во моментот достигна 18.347. Од нив 4.434 единици се актуелни или излегле од системот на сателити, а останатите се од степени на проектили, акцелераторни блокови и делови од вселенска техника.

Најголемото количество космичко загадување во целина пак припаѓа на Русија со 6.501 објекти. На втората позиција е САД со 6.017 објекти, а на трета е Кина, која ги намали вселенските отпадоци од 3.886 до 3.801 објекти.

Останатите земји практично не влијаеле на големото загадување на орбитата.

На Франција припаѓаат 532 објекти, на Јапонија – 256, на Индија – 192, на Европската вселенска агенција -134 и на други земји.

Агенциите потсетуваат дека уште на крајот на минатата година Русија престана да ги објавува свои податоци за вселенскиот отпад.

Во меѓувреме Централниот истражувачки институт за Машински факултет (TSNIIMASH) предупреди дека светската вселенска индустрија ќе биде блокирана по век или два, ако проблемот со остатоците во земјиниот простор не биде решен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП