17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПристигнати апликациите за четвртиот повик на Фондот за иновации

Пристигнати апликациите за четвртиот повик на Фондот за иновации

На четвртиот повик на Фондот за иновации и технолошки равој пристигнати се 59 апликации од најразлични области.

За реализирање иновативни решенија ќе се доделат 1.450.000 евра. Најголем дел се во областа информатички и комуникациски технологии. Има апликации и за медицина, фитнес, велосипедизам, дизајн, земјоделство, маркетикнг, видеопродукција, прехранбена индустрија и градежништво.

„Триесет и една апликација се за старт ап претпријатија, а 28 за комерцијализација на иновации. Планирано е да поддржиме 15 старт ап претпријатија, со вкупно 450.000 евра, односно по 30.000 евра од проект. За комерцијализација на иновации се планира да се доделат 10 гранта, до 100.000 евра по проект, или вкупно милион евра“, рече денеска директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, Јасмина Поповска.

Таа најави дека Комитетот за одобрување инвестиции до крајот на јули ќе одлучи кој ќе добие финансии, а на почетокот на септември се очекува да бидат потпишани договорите за кофинансирање и да почне реализицијата на проектите.

Поповска додаде дека ако документацијата не е целосна апликантите имаат рок од пет дена да ги достават потребните документи, по што Комитетот ќе направи претселекција и евалуација. Оние што ќе бидат претселектирани ќе имаат можност да ги презентираат решенијата пред Комитетот и лично да го објаснат тоа што е иновативно, кој е пазарниот потенцијал, каков е тимот, дали има капацитет да го спроведе и да го извезе надвор од Македонија, што е и целта на овие инструменти, да генерираме поголем извоз и поголема конкурентност за бизнисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП