27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОдбележан денот на турската култура

Одбележан денот на турската култура

Со читање поезија одбележан денот на турската култура  на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“.

„Турската култура претставува хетероген збир на различни култури, а истовремено е збир на екстремностите од западната и источната култура. Денес турската култура се стреми што повеќе да го придобие белегот на модерна култура, но, сепак, ги задржува традицијата и верските обележја. Ние, како Филилошки факултет, денеска ја имаме честа да бидеме вклучени во програмата на УНЕСКО, коешто ја прогласи 2016­2017 година на познатиот поет Ахмет Јесеви“, деканката Драгана Кузмановска.

За мистичната поезија на Јесеви, која е стара 900 години, пред штипските студенти говореше Илхами Емин, најстариот и единствен македонски преведувач на делата на Јесеви. Тој истакна дека Јесеви уште пред стотици години преку своите пишани дела им порачал на луѓето да се сакаат, без разлика на која религија или етничка заедница припаѓаат.

Во рамки на одбележувањето на Денот на турската култура се организираше и дебата, а прогласен е и победникот за најдобар поетски превод посветен на поетот Ахмет Јесеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП