22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Норвешка ги остави каматните стапки непроменети

Централната банка на Норвешка ги остави каматните стапки непроменети

Централната банка на Норвешка ги остави каматните стапки без промена во позадина на сигналите дека стабилните цени на нафтата ќе го поддржат заздравувањето во најголмиот западноевропски извозник на нафта.

Депозитната камата останува на 0,5%, какви што беа и предвидувањата на сите 25 анкетирани аналитичари.

„Перспективите и балансот на ризици пред норвешката економија не чини да се промени значително од последната седница во март“, посочува гувернерот на Централната банка.

По тригодишен пад предизвикан од падот на нафтениот пазар, економскиот раст во Норвешка се оживува, а невработеноста се намалува.

Според регулаторот норвешката круна и инфлацијата се послаби од очекуваното, а растот во цените на куќите се забавува. „Прегреаниот“ имот на пазар во земјата покажува сигнали за ладење, иако домаќинствата продолжуваат да земаат кредити со најбрз темпо од 2014-та година. Истовремено основната инфлација е под целното ниво од 2,5%, имено – 1,7% во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП