4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА4 ефикасни чекори за штедење

4 ефикасни чекори за штедење

Веројатно постојат многу причини поради кои досега не сте успеале да заштедите пари. Доколку мислите дека вашата неспособност од нешто да се одречете е единствена, грешите.

Штедењето пари не треба да биде само на лично ниво, туку мора да се потрудите и вашата околина да стане погодна за штедење. Кога ќе одлучите да ослабите, килограмите не се топат само поради тоа што вие сте рамислувале за тоа, потеребно е да се направи план и прилагодување на одреден начин на исхрана, со цел да ја постигнете целта. Истото важи и за парите, а еве како да создадете вистинска и поволна околина во која полесно ќе штедите…

1. Запишете ги сите приходи и расходи

Запиштете ја вкупната сума на пари кои ги заработувате во вашето домаќинство, а потоа направете детален список на сите нешта на кои трошите пари и пробајте да дојдете до точна бројка за месечните расходи.

2. Одредете ја количината на пари која сакате да ја заштедите

Запишете колкава количина на пари сакате месечно да заштедите. Запаметете тоа не е цифра која можете да ја штедите, туку колку би сакале да заштедите за да остварите некоја цел. За ова се потребни неколку пресметки. Прво да одредите колкава сума на пари ви е потребна, а потоа и кога ви се потребни овие пари. Потоа зацртаната сума на пари поделете ја со месеците во кои сте предвиделе да ги зашдетите и ќе ја добиете точната цифра колку треба да штедите за време на еден месец.

3. Поделете ги трошоците во четири категории и одредете лимит

Категориите во кои треба да ги распоредите вашите расходи во домаќинството се: трошоци за живот (кирија, храна, сметки,), социјални трошоци (даноци, превоз, осигурување), забава ( трошоци за излегување, облека, патувања) и пари кои треба да ги заштедите.

На прво место издвојте ги парите кои сакате да ги заштедите, а остатокот распоредете го во останатите 3 категории. Внимавајте парите за трошоци точно да ги определите, со цел сите трошоци да бидат покриени.

4. Заштедените пари ставете ги на посебна сметка

Парите кои сакате да ги заштедите веднаш по добивањето на платата, префрлете ги на посебна сметка. Ако добро сте ги пресметале трошоците, полесно ќе ги сочувате парите кои се планирани за штедење, а кога ќе знаете дека тие се таложат на друга банкарска сметка, полесно ќе ви биде да се откажете од работите кои посакувавте да си ги купите. За да го заострите овој режим, и вашиот штедлив живот да го направите уште поефикасен, можете да отворите неколку сметки во банка, на кои по земањето на платата ќе ги распределувате вашите пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП