17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРСБСП доби Повелба на Република Македонија

РСБСП доби Повелба на Република Македонија

За исклучителниот придонес во подобрувањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот на патиштата, како и за унапредувањето и развивањето на сообраќајното образование, култура и етика претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата му додели Повелба на Република Македонија.

На свеченоста во претседателската резиденција, Иванов истакна дека не може да не забележиме оти од година во година задачата на Републичкиот совет за безбедност на патиштата станува се посложена поради бројни фактори како што се зголемен број возила на патиштата, несовесно користење на современите технологии, особено мобилните телефони за време на возењето, но и како што посочи, политичките кризи, неизвесноста и непредвидливоста кои ги изложуваат граѓаните на постојан стрес.

– Собрани заедно овие фактори го намалија трпението и почитувањето на сообраќајните правила и го зголемија бројот на сообраќајни несреќи кои за жал станаа наше секојдневие. Секое утро се будиме со статистики за тоа колку несреќи имало во претходниот ден. Само во 2013 година дневно во просек имало по 11 тешки сообраќајни незгоди. Во таа фатална година секоја десетта жртва била дете. Годишно во РМ меѓу 160 и 170 лица ги губат животите во сообраќајни несреќи. Бројот на повредените е многупати поголем. Тоа се многу предвреме прекинати животи, неискористени можности и неостварени соништа. Тоа е голема загуба за семејството, за општеството и за државата – рече Иванов.

Во насока на остварување на крајната цел во дејствувањето на Републичкиот совет, а тоа е заштитата на човечкиот живот, Иванов истакна дека оваа Повелба за РСБСП која годинава одбележува 55 години од формирањето, е и обврска да продолжи да ја развива сообраќајната култура и етика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП