18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатни логопедски и дефектолошки прегледи на деца

Бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи на деца

Под мотото „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми“, Здружението Интеракција плус од Скопје организира нова голема акција, која ќе трае до 5 јуни оваа година.

Притоа, посебен акцент ќе биде ставен на децата кои оваа есен ќе тргнат во училиште, па оваа акција е подготвителна и е во пресрет на предучилишните тестирања.

Затоа, Здружението Интеракција плус организира бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи на деца од сите возрасти, а посебно на децата кои треба да се запишат во прво одделение.

Прегледите вклучуваат логопедска и дефектолошка дијагностика и проценка од страна на дипломирани логопеди и дефектолози со помош на најсовремени дијагностички методи и помагала.

Целта на акцијата е да не остане непрегледано ни едно дете и да има што помалку деца со говорни проблеми.

За закажувања и дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се обратат на телефоните: (071) 973362 и (078) 245484, секој работен ден од 13-20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП