4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell ja удвои добивката во првиот квартал

Shell ja удвои добивката во првиот квартал

Нафтената компанија „Royal Dutch Shell“ забележа силен раст на нето добивката, со што ги надмина прогнозите на аналитичарите и се придружи на своите конкуренти, поддржани од повисоките цени на нафтата и на најдобрите маргини на рафинирање по речиси три години пад.

Резултатот на компанијата се подобрува и поради штедењето, намалување на буџетот во износ од 1 милијарда долари во последните три години, како и продажба на средства за околу 20 милијарди долари по аквизицијата за 54 милијарди долари на „BG Group“.

По завршување на интеграцијата со „BG Group“ во третиот квартал од минатата година, компанијата и инвеститорите го префрлаат фокусот кон зголемување на приходите и намалување на долгот, додека цените на нафтата очигледно се обновуваат.

Речиси 55 проценти раст на цените на нафтата во првиот квартал во споредба со истиот период минатата година до околу 54 долари за барел е главната причина за растот на профитот.

„Shell“, која е најголемата нафтена и гасна компанија во Европа, генерира готовински прилив за 9,5 милијарди долари во кварталот што е за 13% повеќе во однос на минатата година. Ова и овозможува на компанијата да обезбеди дивидендата и да го намали долгот за трет квартал.

Единицата за производство на нафта и гас забележа раст од 2% за кварталот до 3,752 милиони барели, откако голем број на нови полиња продолжуваат да ја прошируваат својата дејност, особено во Бразил и Казахстан.

Профитот од рафинирање и продажба исто така се зголемува со 20% до 2,49 милијарди долари.

„Гледаме забележителни подобрувања во приносите и во хемискиот сектор, кој заработува од подоброто оперативно претставување и најдобрите пазарни услови“, рече главниот извршен директор Бен ван Бјорден.

Англо-холандската компанија е уште една во индустријата со подобри резултати од очекувањата, откако сметките на „BP“, „Exxon Mobil“, „Chevron“ и „Total“ исто ги надминаа прогнозите на аналитичарите.

Соодносот на долгот спрема капитализацијата на компанијата се намалува во текот на првите три месеци до 27,2% од 28% во четвртиот квартал.

Нето добивката во првиот квартал, базирана на тековните трошоци за снабдување и без еднократни ефекти, се зголемува со 142% до 3,75 милијарди долари наспроти консензуалната оценка на аналитичарите, обезбедени од страна на компанијата, за 3,05 милијарди долари.

Пред една година нето добивката изнесуваше 1,55 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП