9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА6 причини поради кои можеби би требалo да дадете отказ и да...

6 причини поради кои можеби би требалo да дадете отказ и да побарате нова работа

Во нашите животи често постојат знаци кои би требало да ни помогнат да одлучиме дали да направиме нешто или не. Бизнис инсајдер ни претставува шест знаци кои ќе ви помогнат да одлучите дали треба да ја напуштите старата работа и да започенете да барате нова каде би биле позадоволни и поисполнети.

1. Вашиот шеф не унапредил само една личност која е помалку компетентна од вас. Унапредил дури две такви личности.

2. Се наоѓате на истото работно место 18 месеци и сеуште ги обавувате истите задачи без никакви промени.

3. Доаѓате дома по работното време и цело време имате потреба да зборувате за работата, буквално го давите целото семејство со проблемите и случувањата од работното место.

4. Би биле на било кое друго место освен на работа, би седеле и врзани како под казна, но не би отишле на работа доколку можете.

5. Можете да претпоставите што ќе работите во наредните 5 години и тоа не ви се допаѓа.

6. Не ги сакате понеделниците. Добро никој не ги обожува, но вие особено ги мразите, уште од недела по ручекот почнувате да бидете незадоволни дека утредента сте на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП