15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија продолжува да ги зголемува своите златни резерви

Русија продолжува да ги зголемува своите златни резерви

Само пред еден месец ве информираме дека во последните три години Русија е земја која најмногу ги зголемила златните резерви.

Податоци на Светскиот совет за злато посочија дека набавките во 2014-та година изнесуваат 173 тони, а за 2015-та и 2016-та година се соодветно 206.4 и 200.7 тони.

Трендот продолжува и во првите месеци од оваа година, па тие изнесуваат 64.9 тони, или во просек по 21,6 тони месечно. Најмногу беа купени во јануари – 29.9 тони, а најмалку – во февруари – 10,3 тони. Во последниот месец се купени, претежно на домашниот пазар, уште 24,7 тони од благородниот метал.

Купувањето во последните месеци и години ги зголемија златните резерви на земјата до 1.680 тони, што претставува 16,9% од резервите на Русија.

Активни на пазарот на злато од почетокот на годината се уште Турција и Казахстан, кои додале 50,8 и 9,6 тони. Но, недостасуваат податоци за 2017-та година за набавките од страна на Кина.

Без измени во рангирањето на земјите со најголеми златни резерви остануваат САД и Германија во висина од 8.133 и 3.377.9 тони, пред Италија, Франција и Кина.

Швајцарија е седмата држава во светот со златни резерви од над 1.000 тони, а во топ 10 се наоѓаат уште Јапонија, Холандија и Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП