12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА1,5 милиони луѓе во Австрија загрозени од сиромаштија

1,5 милиони луѓе во Австрија загрозени од сиромаштија

Во Австрија 1,5 милиони луѓе се загрозени од сиромаштијата, што е понисо од ризикот кој владее во ЕУ, покажува статистиката на „SILC“.

Опасноста од сиромаштија во Австрија се намалила изминативе години, но и покрај тоа и понатаму 18 проценти од граѓаните се погодени со сиромаштија и социјални проблеми.

Министерите од редовите на Социјалдемократската партија на Австија (SPO) имаат намера, преку поттикнувања на особено загрозените групи, да делуваат во правец за намалување на опасноста од сиромаштија.

Министерот за социјални прашања Алојз Стегер, во врска со тоа, укажа на примена на акции за 20.000 возрасни лица кои долго се невработени.

Директорот на Статистичкиот завод на Австрија Конрад Пезендорфер укажа дека жените се почесто погодени од сиромаштија од мажите и младите.

Планирано е и проширување на програма за грижа за децата чии родители се вработени, како и програмата за подобри работни места и помалку неработни денови во градинките.

За споредба, опасноста од сиромаштија во Австрија опфаќа 18 проценти од населението, а во ЕУ просекот е 23,7 проценти, со што Австрија е на шестото место.

Земјата на ЕУ во која опасноста од сиромаштија е најмала е Чешка, а следат Шведска и Холандија, а најголема опасност од 41 процент постои во Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП