3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАViber станува директен конкурент на Skype

Viber станува директен конкурент на Skype

vcvvcs

За малку повеќе од две години апликацијата „Viber“ веќе е директен и сериозен конкурент на „Skype“. Од компанијата соопштија дека веќе достигнале бројка од 200 милиони корисници и дека тие се од 193 држави.

Покрај тоа „Viber“ ќе понуди и самостојни апликации кои ќе можат да се инсталираат на „Windows“ и „Mac“ компјутерите. Тие ќе ги поддржуваат сите карактеристики на „Viber“ за разговор и размена на слики како кај мобилни телефони, дури ќе може да се воспостави и видео-повик. Првично тие ќе бидат достапни само меѓу компјутери, но постепено ќе се додаде и можност за поврзување и со паметните телефони.

За користењето на десктоп верзија на „Viber“ ќе е потребно воведување на телефонскиот број што ќе служи за корисничко име во апликацијата, исто како и во верзијата за мобилни телефони.

„Viber“ ја продолжува стратегијата за развој и веќе се нуди за „iOS“, „Android“, „Windows Phone“, „BlackBerry“, „Symbian“ и „Bada“ на „Samsung“. Мобилните апликации дури ќе можат да се синхронизираат со верзиите за компјутери со што ќе се олесни комуникацијата на корисниците.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП