17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтензитетот на сообраќај умерен, коловозите влажни

Интензитетот на сообраќај умерен, коловозите влажни

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Поради асфалтирање, патниот правец Мелнички мост– Дебар ќе биде затворен во двата правци на 03.05.2017 и 04.05.2017 од 13:00 – 17:00 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП