21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто богатите Кинези бегаат од Кина?

Зошто богатите Кинези бегаат од Кина?

chinarichpeople1

Најбогатите луѓе во Кина се повеќе инвестираат во странство, во обид да го зачуваат своето богатство во услови на брзи промени во економијата на земјата.

Речиси 10 проценти од богатите Кинези очекуваат дека нивните деца ќе живеат во странство.

Во студијата која ја спроведе „China Merchant bank“ и консултантската компанија „Bain & Co“ за приватното богатство во Кина, се укажува на несигурност во иднината на економијата, чиј раст забавува во однос на минатата деценија кога бележеше постојано зголемување.

Пекинг сега настојува да оствари побавен, одржлив раст базиран на домашната потрошувачка и услужниот сектор, намалувајќи го извозот и инвестициите кои донесоа богатство за кинеските приватни претприемачи, пренесува агенцијата АП.

Студијата укажува дека анкетираните богаташи изјавиле дека ги зголемиле инвестициите во недвижнини и други средства во САД, Канада, Хонг Конг и Сингапур, со цел да го зачуваат своето богатство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП