3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook ќе вработи 3000 луѓе кои ќе ги контролираат контроверзни видео-содржини

Facebook ќе вработи 3000 луѓе кои ќе ги контролираат контроверзни видео-содржини

Facebook соопшти дека ќе вработи дополнителни 3.000 луѓе што ќе ги прегледуваат видео-снимките на кривични дела и самоубиства, откако неодамна на оваа социјална мрежа во живо беа прикажани неколку убиства.

Иако Facebook веќе има 4.500 вработени кои се занимаваат со проверка на таквиот материјал, извршниот директор на компанијата Марк Цукерберг најави во среда дека ќе бидат потребни уште 3.000 луѓе за таа работа.

Facebook наиде на остри критики заради тоа што не сторил доволно да спречи објавување на видео содржини со злосторства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП