17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДа се преиспита двојното оданочување на граѓаните порачаа универзитетските професори

Да се преиспита двојното оданочување на граѓаните порачаа универзитетските професори

Законот со кој сите граѓани кои годишно oстваруваат приходи од над милион денари или 16 илјади евра, се обврзани да ѝ платат на државата 18 отсто од парите како ДДВ обврзник, мора да се преиспита, побараа неколку универзитетски професори, бидејќи сметаат дека со сегашното законско решение граѓаните се оданочуваат двојно. Еднаш со персонален данок од 10 отсто и потоа со 18 отсто ДДВ.

„Бројот на даночни обврзници кој е проширен со овој даночен фискалитет нам не ни е познат“ изјави Весна Пендовска – универзитетска професорка. Професорите сметаат дека оваа новина ќе донесе посалбо собирање на даноците. Причината би биле нејасните правила, по што граѓаните ќе бидат приморани да ги делат заработките за да не стануваат ДДВ обврзници.

„Многу би сакала како граѓанин, како некои кој се занимава со ДДВ да ги знам одговорите, но и едноставно јавноста да живее во правна сигурност“ изјави Александра Максимовска – универзитетска професорка.

За дел од присутните на денешната дебата ова „двојно“ оданочување на граѓаните е поради фактот дека Власта во заминување нема пари. „Одговорот е јасен. За да се соберат повеќе пари. Не знам зошто од тоа треба да бегаме?“ – вели Ванчо Узунов – универзитетски професор

Македонија има најнизок праг за ДДВ. Досега двапати имаше промерна на прагот кога од милион и триста илјади денари, прагот порасна на два милиони, а во 2015 – та година од два милиони прагот се намали на еден милион денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП