12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКога Лагард ја критикува Америка...

Кога Лагард ја критикува Америка…

Ireland Ms. Christine Lagarde

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард ја критикуваше буџетската политика на американската влада, оценувајќи ја како „премногу строга“.

Лагард во Амстердам изјави дека мерките на американската влада за намалување на долговите се премногу груби, вклучувајќи ги и буџетските намалувања од 85 милијарди долари, пренесува агенцијата АП.

Таа, исто така, укажа дека доколку се продолжи со спроведувањето на овие мерки може да дојде до забавување на американската економија од 1,5 проценти.

Освен тоа, Лагард застана во одбрана на реформите кои ММФ и ги предложи на Грција, но призна дека тие предизвикале поголем економски пад од оној кој бил очекуван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП