6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинеската HNA Group веќе е најголемиот акционер во Deutsche Bank

Кинеската HNA Group веќе е најголемиот акционер во Deutsche Bank

Само два месеци откако објави дека влегува во германската „Deutsche Bank“ со учество од 3,04% од акциите, сега кинескиот корпоративен и финансиски конгломерат „HNA Group“ стана и најголемиот акционер во банката. Компанијата го зголемила дeлот во „Deutsche Bank“ до речиси 10%, на тој начин се претвора во најголемиот акционер.

Во март најголемиот германски кредитор продал речиси 4,8% од акциите на „HNA Capital“ што е подружница на кинескиот инвеститор, чија цел е да се претвори во глобален кредитор.

Според пресметките на „Financial Times“ уделот кинескиот конгломерат во банката го има стекнато преку акции „C-Quadrat“, достигна 204,7 милиони акции или вкупно 2,06 милијарди хартии од вредност.

По оваа трансакција уделот на кинескиот инвеститор во „Deutsche Bank“ достигна 9,92%, што е значително над учеството на вториот најголем акционер – американското друштво „BlackRock“ со неговите 5,88%, како и над делот од поранешниот премиер на Катар, Хамад бин Јасим бин Џабар ал Тани и неговиот братучед Хамад бин Калифа ал Тани со вкупно над 6% од акциите.

Сега значителен дел од акциите на „Deutsche Bank“ ги поседуваат странски сопственици. Во 2015-та година се уште околу 56 отсто од акциите на „Deutsche Bank“ беа во германски раце, а останатите – во странски. Со последните инвестиции од Катар, Кина и САД овој сооднос најверојатно ќе се промени значително.

Кинеските компании ги засилуваат своите инвестиции во странство, за да го компензираат доцнењето на локалната економија, наведува „Ројтерс“.

Странското спојување и превземање од страна на кинеските компании достигнуваат рекордни 181 милијарди долари во минатата година, што е за 70% повеќе во однос на целата 2015-та година.

Трансакциите на кинескиот инвеститор е дел од планот на „Deutsche Bank“ да го зајакне капиталот и да обезбеди финансиска стабилност. На крајот на минатата година доверителот беше казнет со близу 7,2 милијарди долари од администрацијата на претседателот Барак Обама поради злоупотреба при трговијата со хипотеки.

Во април 2017-та година следуваше нова парична казна во износ од 156 милиони долари по обвиненијата на американските федерални резерви во две прекршувања – за слаба контрола врз единицата за девизни операции и за непочитувањето на правилото „Волкер“ што им забранува на банките да тргуваат за сопствена сметка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП