26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква и Анкара ќе имаат заеднички развој и производство на оружје

Москва и Анкара ќе имаат заеднички развој и производство на оружје

Руската „Рособоронекспорт“ води преговори со Турција за создавање на заеднички проекти за развој и производство на воена опрема.

Ова го објави заменик-директорот на одделот за маркетинг активност на компанијата Владимир Гончаров, цитиран од агенциите.

„Министерството за национална одбрана на Турција е заинтересирана за голем спектар продукција со воен предзнак, а особено од руските системи ПВО (противвоздушна одбрана) со различен дострел. Освен тоа дискутираме и за редица проекти за технолошко партнерство во областа на заедничкиот развој и производство на перспективни оружја“, информира тој и потсети дека од крајот на минатата година се водат активни преговори за директни испораки во Турција на руско оружје.

На 28-ми април министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу изјави дека Русија и Турција постигнаа принципиелна согласност за испорака на зенитни ракети со долг дострел од системот „С-400“.

Во моментов се водат преговори за договорот кој влијае на цените во договорот и условите за заедничко производство на техниката.

Прес секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков соопшти дека претседателите на двете земји Путин и Ердоган најверојатно ќе разговараат за оваа тема за распоредувањето на „С-400“ за време на планираната билатерална средба во Сочи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП